Поет, раскажувач и романсиер.
Поет, раскажувач и романсиер.
Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Прилеп, а потоа во Радио Скопје и во Македонското радио. Тој е еден од основачите на сп. Стремеж, и негов долгогодишен главен и одговорен уредник. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Ѓоре Напески на македонската книжевна сцена се појавува на страниците на сп. Стремеж, а една деценија подоцна ја објавува својата прва стихозбирката Ловци на ветрот во 1965...
ЃОРЕ НАПЕСКИ
11.IV 1933, Прилеп - 4.V 2007, Скопје
современа книжевност
автор поезија проза роман
Ловци на ветрот. 1965. (поезија); Времетраење. 1975 (поезија); Прилапон. 1982 (поезија); Ден без власт. 1985 (раскази); Плима. 1989 (поезија); Меѓупростор. 1992 (поезија); Објава. 1998 (поезија); Записи по сеќавање. 2003 (мемоарска проза); На свијокот на сеќавањата. 2006 (раскази); Тренда. 2007 (роман).
Друговац, Миодраг. 1986. „Ѓоре Напески: Ловци на ветрот“, во: Повоени македонски писатели 2, стр. 275-277. Скопје: Наша книга; Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла; Иванов, Благоја. 2001. „Ѓоре Напески: Времетраења“, во: Со верба во литературата, стр. 273-277. Скопје: Матица македонска; Матевски, Матеја. 1998. „Поетот на Прилапон: кон творештвото на Ѓоре Напески“, во: Светлината на зборот, 151-155. Скопје: Матица македонска.