Живот и дело

Еден од најзначајните претставници на генерацијата поети родени по ослободувањето.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во в. Студентски збор, Вечер и Нова Македонија, како и во Радио Скопје и во Македонско радио. Бил дел од редакцијата на сп. Разгледи, и главен уредник на сп. Стожер. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, чиј член станал во 1969 г. 

Уште со својата прва стихозбирка – Ноќ во која те нема (1969), Тодор Чаловски го свртува вниманието на критиката ...

  • Автор

    ТОДОР ЧАЛОВСКИ

  • 23.VIII 1945, Гостивар - 15.VI. 2015, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Ноќ во која те нема. 1969 (поезија); Ноќен часослов. 1971 (поезија); Сердарски болести. 1977 (поезија); Ѕвезда во човека. 1981 (поезија); Јадро. 1984 (поезија); Маѓосна меѓа. 1989 (поезија); Прониз. 1994 (поезија); Дарови. 1994 (поезија); Галица, 1996 (поезија); Критички видувања. 1998 (есеи и критики); Глас крепител. 2000 (поезија); Есеи и критики. 2009 (есеи); Тло. 2007 (поезија); Премостување на мигот. 2014 (поезија).


Библиографија

 Андоновски, Венко. 2008. „Светлина од темнина, темнина што раѓа светлина!: За поетското мајсторство на Тодор Чаловски во Тло.“ Книжевно житие, бр. 10-11, стр. 22-29;Апостолоска, Маја. 2008. „Откривање на поетското писмо на Тодор Чаловски.“ Во: Чаловски, Т. Ѕидање сон (избор), стр. 5-15. Битола: Микена; Вангелов, Атанас. 1969. „Ноќ што може да се опее, но не и да се победи.“ Разгледи бр. 6, стр. 547-551;  Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла; Мицковиќ, Слободан. 1973. „Опсесија на ноќта.“Разгледи бр. 3, 235-239; Стојменска-Елзесер, Соња. 2015. „Воспевање на континуитетот: Тодор Чаловски 1945-2015“. Спектар бр. 66, стр. 74-82.