Живот и дело

Бројните патописи го покажуваат неговиот постојан интерес кон пишаниот збор.

Просветен деец, публицист, патописец. Потекнува од познатото струшко семејство кујунџии и филиграни Деребановци. Учителствувал во Дебар, Крушево, Струга и Охрид. Бил еден од основачите на ученичката просветна дружина „Св. Климент“ во Охрид од 1885 г, како и на револуционерниот кружок што произлегол од дејноста на дружината.

Јаким Деребанов е најзначаен како автор на низа патописи и описи на западните македонски краишта, објавувани во весниците Новини и Вести....

  • Автор

    ЈАКИМ ДЕРЕБАНОВ

  • Струга/Вевчани - по 1920 г.

  • преродбенска книжевност

  • автор


Опус

 „Филологически бѣлѣжки, по говора въ Кичевско – Отговоръ на Г-на С. Панаретовъ“. 1893. Новини бр. 54, стр. 3; „С. Вехчани (Стружко)“. 1893. Новини бр. 88,стр. 2-3; „Нови година въ с. Вехчани, Охридско“. 1894. Новини бр. 32, стр. 2-3; „Изъ виляетитѣ“. 1897. Новини бр. 9, стр. 2; „Научен отделъ, С. Селце – Жупа: два народни обичая“. 1897. Новини бр. 12, стр. 3; „Дебърский Монастиръ ‘Св. Иоанъ Предътеча Бигорский’“. 1898. Новини бр. 34, стр. 2-3; „Дописки“. 1898. Новини бр. 9, стр. 3; „Дописки“. 1899. Вѣсти бр. 72, стр. 2-3; „Дописки“. 1899. Вѣсти бр. 73, стр. 2-3.


Библиографија

 Ковилоски, Славчо. 2009. „Македонскиот патописец од XIX век, Јаким Деребанов“. Тренд бр. 5-6, стр. 69-82; Ковилоски, Славчо. 2010. Патописот во македонскиот XIX век. Скопје: Современост.