Живот и дело

Автор на неиздадена граматика со форми и правила кои соодветствувале на македонското наречје.

 Просветен деец, свештено лице, публицист, учебникар, патописец, фолклорист и собирач на старини. Најпознат е како автор на необјавена граматика на македонско наречје.

Се школувал во родното село, Ениџе Вардар, Солун, Одеса и во Москва, каде што се запишал на Историско-филолошкиот факултет. Учителствувал на повеќе места, вклучително Солун и Кукуш. На млада возраст бил ракоположен за (јеро)ѓакон во Зографскиот манастир. На почетокот на 60-тите години, извесно време бил припадник н...

  • Автор

    ВЕНЈАМИН МАЧУКОВСКИ

  • 1847, Мачуково, Гевгелиско - 1878, Цариград

  • преродбенска книжевност

  • автор автор автор


Опус

 „Обявленiе, Българска Грамматика по Македонско нарѣчiе“.1872. Право бр. 28. Цариградъ (последна, непагинирана страница, или стр. број 4); Во ракопис: Материјали што се чуваат во Бугарската академија на науките (фонд „Стефан И. Веркович“). Непозната е судбината на необјавената Българска Грамматика по Македонско нарѣчiе.


Библиографија

 Калоѓера, Горан. 2014. Македонскиот 19 век. Скопје: Македоника литера; Конески, Блаже. 1967. За македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура; Конески, Блаже. 1986. Македонскиот XIX век, јазични и книжевно-историски прилози. Скопје: Култура; Ристовски, Блаже. 1979. „Венјамин Мачуковски во македонскиот културно-национален развиток“. Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата. Скопје; Пановски, Доне. 1992. Учебникари и просветители. Скопје: Наша книга.