Живот и дело

Главниот информатор на браќата Миладиновци при подготовката на нивниот Зборник.

Собирачка и интерпретаторка на народни песни, една од најпознатите македонски народни пејачки.

Потекнува од познатата струшка фамилија Миладиновци. Депа Каваева била главниот информатор на браќата Миладиновци при подготовката на нивниот Зборник. Честопати е поврзувана со животот и дејноста на Григор Прличев како негова можна љубов, можна свршеница, но и како можна коавторка на песната „Во илјада седумстотин шеесет и второ лето“. Подоцна се замонаш...

  • Автор

    ДЕПА КАВАЕВА

  • XIX век, Струга - ?

  • народно творештво

  • поезија


Опус

Голем број потпишани песни во: Миладиновци, Димитрија и Константин. 1983. Зборник на народни песни. Под редакција на Харалампие Поленаковиќ и Тодор Димитровски. Скопје: Македонска книга.


Библиографија

Ковилоски, Славчо. 2018. Македонското женско творештво во XIX век. Скопје: Институт за македонска литература; Тодоровски, Гане. 2008. Книжевната преродба, панорама на македонската поезија во XIX век. Избор, предговор, редакција и белешки акад. Гане Тодоровски. Битола: НИД Микена; Тоциновски, Васил. 2011. „Женското поетско писмо на македонскиот 19 век“. Спек­тар, Книга I, бр. 57, стр. 211-225.