Живот и дело

Интерпретаторка на народно творештво, баба на Кузман Шапкарев.
Интерпретаторка на народно творештво, баба на Кузман Шапкарев.

Потекнува од фамилијата Рогузарови, во која се негувала традицијата на усно пренесување на народните умотворби. Главниот извор за нејзиниот живот е Кузман Шапкарев, кој во периодот од 1855 до 1885 г. од неа добил повеќе песни и приказни објавени на страниците на неговиот Зборник со народни умотворби.

Поетскиот репертоар на Арса Стрезова го сочинуваат љубовни пес­ни, религиозни пес...

  • Автор

    АРСА СТРЕЗОВА

  • последна деценија на XVIII век, Охрид - меѓу 1885 и 1895

  • народно творештво

  • поезија


Опус

Зборник на Шапкарев – песни: „Свети Ѓорѓија и ламјата“ (Том I, бр. 11), „Маврудин, солунски жител, маченик за вера Христова и трите му сестри“ (Том I, бр. 12), „Калино исповедање“ (Том I, бр. 17), „Кира и две робинки“ (Том II, бр. 221), „Султан Махмуд попленет од Френѕи“ (Том II, бр. 222), „Баљур војвода и Гркиња робинка“ (Том II, бр. 223), „Виша Гркина и Попов Никола (Том III, бр. 326), „Вруќина и Миленко“ (Том III, бр. 337), „Јана сиротица“ (Том III, бр. 346), „Јана и јунак неженет“ (Том III, бр. 511), „Петкана и млад Стојан“ (Том III, бр. 512) и др.; приказни објавени во петтиот том: „Обесеното теле“ (бр. 21), „Осмак глава“ (бр. 22), „Обогатенијот офчар“ (бр. 23), „Трите девојки трудни и царот“ (бр. 24), „За бубалките (за свилените буби)“ (бр. 25), споменатата „Кумо’а слама (млечниј појас)“ (бр. 26), „Само месо дома дошло или Питомите животни и ѕверовите“ (бр. 27) итн. 


Библиографија

Ковилоски, Славчо. 2018. Македонското женско творештво во XIX век. Скопје: Институт за македонска литература; Татаровска, Ленка. 2000. Народна ризница. Скопје: Институт за македонска литература; Тодоровски, Гане. 2008. Книжевната преродба, панорама на македонската поезија во XIX век. Избор, предговор, редакција и белешки акад. Гане Тодоровски. Битола: НИД Микена; Шапкарев, Кузман А. 1976. Избрани дела, I-V. Приредил Томе Саздов. Скопје: Мисла; Шапкарев, Кузман А. 1990. Записи. Приредил д-р Томислав Тодоровски. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.