Живот и дело

Интерпретаторка на народни песни, сестра на Марко Цепенков.
Интерпретаторка на народни песни, сестра на Марко Цепенков.

Потекнува од извонредно надарено семејство на интерпретатори на македонскиот фолклор, родум од с. Ореовец, Прилепско. Таа е една од најдаровитите македонски интерпретаторки на народни песни во XIX век, прочуени по умешноста за импровизација и по авторскиот влог во голем број песни. Наум Тахов, собирачот на народни песни, од неа запишал дури 160 песни што ги објавил во својот Зборник....

  • Автор

    ДАФА ЦЕПЕНКОВА

  • ок. 1795, Прилеп - последна деценија на XIX век, Крушево

  • народно творештво

  • поезија


Опус

Испеани 160 песни во Зборникот на Наум Тахов: Таховъ, Наумъ К. (1895). Сборникъ отъ македонски български народни пѣсни. София.


Библиографија

Ковилоски, Славчо. 2018. Македонското женско творештво во XIX век. Скопје: Институт за македонска литература; Ковилоски, Славчо. 2020. „Крвта не е вода: Народната пејачка Дафа Цепенкова“. Палимпсест бр. 9, стр. 171-178; Тодоровски, Гане. 2008. Книжевната преродба, панорама на македонската поезија во XIX век. Избор, предговор, редакција и белешки акад. Гане Тодоровски. Битола: НИД Микена; Цепенков, Марко К. 1972а. Материјали, литературни творби. Книга десетта. Редак­ти­рал д-р Блаже Ристовски. Скопје: Македонска книга; Цепенков, Марко К. 1972б. Народни песни. Книга прва. Редактирал д-р Кирил Пенушлиски, соработник Блаже Петровски. Скопје: Македонска книга.