Живот и дело

„Македонија треба да составува одделна политичка целина на Балканскиот Полуостров“.

Публицист, општественик, лингвист, преведувач, поборник за народна просвета, сопственик на печатница во која биле печатени книги и списанија со македонска тематика, редактор на в. „Македонија“ (Русе, 1902). Тој е еден од првите заговорници за федерација на Балканот, во која Македонија би била одделна политичка целина, се застапувал за фонетскиот правопис. Гулапчев се вбројува во претходниците на Мисирков.

Образованието го стекнал во Цариград, Одрин и Пловдив. Продолжил да ...

  • Автор

    СПИРО ГУЛАПЧЕВ

  • 1852, Лерин - 1918, Русе

  • преродбенска книжевност

  • автор автор


Опус

 Как става денът и нощта, както и годишните времена: пролет, лето, есен, зима, превел и допълнил Спиро Гилабчев, Киев 1884; Един расказ – Дедо Стоян. (Има ли ум, - щте има и напреѣдък.), Киев 1885; Един оглѣд по етнографıята на Македонıя, Габрово 1887; Македонски маслад, Русе 1893.


Библиографија

Миронска-Христовска, Валентина. 2005. „Претставници на просветителската литература – Спиро Гулапчев“ во: Просветителството во Македонија. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 169-172; Тодоровски, Гане. 1985. „Претходниците на Мисирков: Белешка за Спиро Гулапчев“ во: Македонската правостоина. Скопје: Мисла, стр. 317 – 340; Тоциновски, Васил. 2009. „Човекот просветител, Спиро Гулапчев“ во: Расказот на македонскиот 19 век. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 35 – 57.