Живот и дело

Павел Божигробски со преводот на Кониковското евангелие направил еден вид стилизација на јазикот, и може да се смета за чекор кон стандардизација на македонскиот јазик бидејќи вклучил јазични елементи од централните говори на западномакедонското наречје.

 Архимандрит, литерат, просветител, преведувач (го превел Кониковско евангелие, односно Неделно евангелие на македонскиот воденски народен говор), преку активностите во повеќе црковно-училишни општини бил активно вклучен во македонската културна и национална преродба.

Во 2003 г. финскиот професор Јоуко Линдстет, специјалист по грчки јазик, го пронајде Кониковското евангелие, кое е од исклучително значење за македонската писмена традиција. Јоуко Линдстет ја ув...

  • Автор

    ПАВЕЛ БОЖИГРОПСКИ ГРАМАТИКОВ

  • 1795/1800 с. Кониково, Ениџевардарско - 1871, с. Вртокоп, Битолско

  • преродбенска книжевност

  • автор автор


Опус

 Еүаггелiе. 1852, Ʃолоɴ, Σтампа Күриакова ΔарzнΔє.ѵ.; Апостол или деяния и послания святих апостолов. 1856, Цариградъ; Священное и божественное евангелие Новаго завета. 1858, Цариградъ.


Библиографија

 Јачева-Улчар, Елка, Чичева-Алексиќ, Марија. 2020. Прилози кон Кониковското евангелие. Скопје: Менора; Нуарлуото, Јухани. 2005. „Нов наод: ракописот на Кониковското евангелие“ во: зб. XXXI научна конференција на XXXVII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, лингвистика. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, стр. 233-237; The Konikovo Gospel - Кониковско евангелие. 2008. Editors: Jouko Lindtedt, Ljudmil Spasov, Juhani Nuorluoto.