Живот и дело

Учител, книжевник, монах, просветител, првиот член на првата просветителска генерација, основоположник на новата македонска книжевност. Крчовски во периодот од 1814 г. до 1819 г. објавил пет книги на народен јазик кои претставуваат репродукција на религиозно-поучна литература.

За жал, за животот на Јоаким даскал Крчовски постојaт оскудни податоци кои се темелат на народни преданија. Според една претпоставка, тој е роден во Кичевско, Осломеј, па оттаму, според турскиот назив на Кичево – Крчово, го добил презимето Крчовски. Според втората, тој потекнува од Источна Македонија, односно неговиот татко од Кичево се преселил во Самоков, оттаму во Крива Паланка, па во Кратово каде што Крчовски учителствувал долго време, откако претходно (според некои извори) се ...

  • Автор

    ЈОАКИМ КРЧОВСКИ

  • ок. 1750 - 1820

  • преродбенска книжевност

  • автор


Опус

Slo˜vo i™ska˜zanoe zaradi™ oUmira˜n∙e, Bu˜diny, 1814. Po˜vyst} ra˜di stra˜{nagW iŠ vtora˜gW pri{estv∙x Hr∙sto˜va, Bu˜diny, 1814. S∙x kni˜ga, glagolemaa Mыta˜rstva, Bu˜diny, 1817. ^udesa prest”ыx Bg”orodicы, Bu˜diny, 1817. Razli˜~na pou~itelna nastavlen∙x, Bu˜diny,1819 


Библиографија

Конески, Блаже. 1986. Македонскиот XIX век. Скопје: Култура.

Крчовски, Јоаким. 1974. Собрани текстови. Приредил Блаже Конески. Скопје: Македонска книга.

Миронска-Христовска, Валентина. 2005. „Претставници на просветителската литература“, Просветителството во Македонија. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 143-147.

Поленаковиќ, Харалампие. 1989. Избрани дела 3, Никулците на новата македонска книжевност. Скопје: Македонска книга, стр. 29- 97.

Тушевски, Ванчо. 1985. Јоаким Крчовски и изворите на некои од неговите дела. Скопје: НИП Студентски збор.