Живот и дело

Книжевен деец кој дејствувал во манастирот „Св. Богородица“ – Матејче, Кумановско.

Книжевен деец кој дејствувал во манастирот „Св. Богородица“ – Матејче, Кумановско. Тој во 1409 година, во рамките на манастирот, го пишувал ракописот Дијалог на Григориј папата Римски или Римски патерик, по порачка на деспотицата Евдокија, ќерка на зетскиот владетел Ѓурѓе Балшиќ и сопруга на јанинскиот деспот Исаул. Кон ракописот инок Герасим оставил запис богат со информации за местото и за времето кога е пишуван, а потенцирана е и нарачката од страна на деспотицата Евдокиј...

  • Автор

    ГЕРАСИМ

  • првата половина на XV век -

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

 Преписи:

Римски патерик (Дијалог на Григориј папата Римски). XV век. Света Гора: „Св. Павле“ (главен дел) и Санкт Петербург: Руска национална библиотека, (еден лист), збирка на Успенски, сигн. F.I. бр.632.


Библиографија

Николова, Светлина. 1980. Патеричните раскази в българската средновековна литература. София: 65; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1984. „Книжевни центри во средновековно Жеглигово“. Беседа, бр. 47-48, стр. 83; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 211; Стојановић, Љуба. 1982. Стари српски записи и натписи.књ. I, Београд: САНУ, стр. 68.