• Наслов

    СТРУШКИ ПРАЗНИЧЕН МИНЕЈ

  • Автор
  • Година на издавање
  • Категорија
  • зборник

Опис на делото

Средновековен книжевен ракопис пишуван во почетокот на XV век. Содржи 254 хартиени листови напишани со кирилско старословенско писмо. Во содржината на овој минеј се наоѓаат црковни служби за најголемите христијански празници составени според упатствата на Ерусалимскиот типик. Застапени се преписи на повеќе оригинални житијни и химнографски творби посветени на Св. Климент Охридски. На л.14-25 об. се наоѓа словенскиот превод на византиската служба на Св. Климент Охридски за 27 јули. Во некои химнографски текстови на оваа служба се запишани и нивните автори ‒ како автор за „Великата вечерна“ е означен охридскиот архиепископ Григориј, Теофилакт Охридски, како автор на канон и во еден канон со акростих се открива името на Димитриј Хоматијан, а застапен е и неговиот сесловенски превод на византиското кратко (пролошко) житие на Св. Климент. Стушкиот празничен минеј бил во споственост на струшкото семејство Чакарови. Подоцна, во три дела бил однесен во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија каде што се чува под три сигнатури ‒ № 350 (203 л.), № 455 (47 л.) и № 1373 (4 л.). (С. П.-Ѓ.)


Библиографија

Велев, Илија. 1997. Кирилометодиевската традиција и континуитет. Скопје: ИМЛ; ИМ „Култура“; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ; Поп-Атанасов,Ѓорги. 2017. Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки: X-XIX век. Археографски опис. кн. 1. Скопје: МАНУ, Кочани: Европа 92.