Живот и дело

Истакнат книжевник, основоположник на книжевната дејност во Кратовскиот книжевен центар (XV и XVI век).

Истакнат книжевник, основоположник на книжевната дејност во Кратовскиот книжевен центар (XV и XVI век). Тој во 1466 година работел врз пишување на словенски препис на Законик – Номоканон, т.е. на полната Синтагма на Матеја Властар од 1335 г., преведена на словенски јазик во втората половина на XIV век. Прецизни податоци за работата врз ракописот и информации за неговиот живот се содржат во Поговорот (Послесловието) зачуван на десет листа – автограф. Ли...

  • Автор

    ДИМИТАР КРАТОВСКИ

  • околу 1400 - крајот на 60-тите година од XV век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Оригинални творби:

Законик – Номоканон, на полната Синтагма на Матеј Властар со Поговор (Послесловие). 1335. Москва: Руска Државна библиотека, збирка на Григорович, сигн. Ф.87, бр. 1707.


Библиографија

Георгиевски, Михајло. 1991. „Делото на Димитар Кратовски – книжевник од XV век од Кратово“ во: Македонска средновековна книжевност. Скопје: Македонска книга, Нова Македонија, стр. 212-228; Георгиевски, Михајло. 1997. Прилози од старата македонска книжевност и култура. Скопје: Менора, стр. 62-67; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 32-35; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2002. Оригинални книжевни состави во македонскиот XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 67-71; Македонска книжевност IX-XVIII век. 2008. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 282-295; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2001. Од македонскотo книжевно минато. Скопје: Менора, стр. 249-251; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 241-246.