Живот и дело

Опитен книжевник кој кон крајот на XV век дејствувал во скопските манастири. Заедно со друг анонимен книжевник пишувал Пентикостар за потребите на манастирот во Матка и во Шишевскиот „Св. Никола“, во Скопско.

Опитен книжевник кој кон крајот на XV век дејствувал во скопските манастири. Заедно со друг анонимен книжевник пишувал Пентикостар за потребите на манастирот во Матка и во Шишевскиот „Св. Никола“, во Скопско. За него податоци црпиме од неговиот запис,  во кој нѐ информира дека дека при крајот на XV век работел во Скопскиот регион. Ракописот бил пишуван во 1488 година, по барање на протопоп Добре, но не е прецизно утврдено дали бил п...

  • Автор

    ЕВСТРАТИЈ

  • втората четвртина на XV век - крајот на XV век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Пентикостар. 1488.Софија: БАН, бр.46.

Библиографија

 Кодов, Христо. 1969. Опис на славянските ръкописи в библиотеката на Българската академия на науките. София: БАН, бр. 46, стр. 85-88; Иванов, Й. 1970. Български старини из Македония. София: БАН, стр. 121-122; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 123; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 253-254.