Живот и дело

Плоден книжевник од XVI век, кој дел од својата активност ја остварувал како монах во Слепченскиот книжевен центар „Св. Јован Претеча-Продром“.

Плоден книжевник од XVI век, кој дел од својата активност ја остварувал како монах во Слепченскиот книжевен центар „Св. Јован Претеча-Продром“, а подоцна, околу 1550 г. заминал во Косово во „Воисиловица“ и во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во с. Росиница. Се смета за соработник, а можеби и ученик на Висарион Дебарски . Најверојатно, причина за негова преселба во Косово с...

  • Автор

    ПАХОМИЈ СЛЕПЧЕНСКИ

  • XVI век - XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи: 

Требник. 1540. Белград: Народна библиотека (Стара збирка) бр. 309/494; Минеј. 1545. Санкт Петербург: Публична библиотека, 4л., F.I. 488; Зборник со аскетски состави. 1545. Потекнува од Слепченскиот манастир, бр. 14, денес - непознато место на чување; Служебник. 1547. Загреб: ХАЗУ, сигн. III c 25, Мошин 166; Минеј за јуни со пролози. Од 1546 до 1547. Софија: НБ, бр. 914; Минеј. 1550. Се чувал во Епархиската библиотека во Нови Сад, денес - непознато место на чување; Пролог за март-август. 1560. Белград: Народна библиотека (Стара збирка), бр. 396 (686); Минеј за октомври. 1575. Непознато место на чување; Панегирик. Средината на XVI век. Софија: НБ, бр. 443; Паренезис на Ефрем Сирин. Средина на XVI век. Софија: НБ, бр. 1031.


Библиографија

Ангелов, Боню. Ст. 1978. Из старата българска, руска и сръбска литература, кн. 3, София: БАН, стр. 256-264; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1989. Речник на старата македонска литература. Скопје: Македонска книга. стр. 215; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ,  Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 338-341; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 278-279.