Живот и дело

Во 1720 година во манастирот Трескавец, го пишува ракописот „Чуда на пресвета Богородица“, за што сведочат записите што самиот ги оставил: на л. 156б и на л. 183.

Веројатно бил роден во последните десетлетија на XVII век, бидејќи на книжевен план евидентно се јавува во 1720 година. Дејствувал на територијата на Македонија, престојувал и дејствувал во манастирот „Успение на Св. Богородично“, Трескавец, кога игумен на манастирот бил јеромонахот Теофан. Можно е во текот на животот јеромонахот Гаврил да одел на поклонение на Христовиот гроб во Ерусалим. Во 1720 година во манастирот Трескавец, го пишува ракописот „Чуда на пресвета Бог...

  • Автор

    ЈЕРОМOНАХ ГАВРИЛ ТРЕСКАВИЧКИ

  • крајот на XVII век - средината на XVIII век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Чуда на пресвета Богородица. 1720. Белград: Универзитетската библиотека „Светозар Марковиќ“, бр. 27.


Библиографија

Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр.  356; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 325.