Живот и дело

Еден е од најзначајните претставници на третата генерација поети во македонската книжевност. Творештво на Бошковски е длабоко вкоренето во личниот однос кон социјалниот контекст, фолклорот и митот, чија испреплетеност ја обликува неговата поетска визија.

 Студирал на Правниот факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје и Македонското Радио. Бил главен уредник на литературното сп. „Разгледи“ од 1972 до 1977 година. Бил член на Македонскиот ПЕН центар и член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. 

Петар Т. Бошковски своите први песни ги објавува во 1954 година, а неговата прва стихозбирка Суводолица (1962) ...

  • Автор

    ПЕТАР Т. БОШКОВСКИ

  • 09. I. 1936, Острилци, Крушевско - 15. VII. 2006, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Суводолица. 1962 (поезија), Постела од трње. 1970 (поезија), Огледи и критики. 1978 (критики), Небесен камен. 1985 (поезија), Критички одзиви. 1986 (критики), Бел ветер. 1991 (поезија), Прелеста на проѕирноста. 1993 (критики), Вториот источен грев. 1994 (поезија), Александар на Исток. 1994 (драма), Црниот бик. 1995 (роман), Никаде место. 1996 (роман), Лилјаци. 1998 (роман), Ѕвезди на пладне. 2001 (роман), Критична точка. 2002 (поезија). 


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла.

Ѓурчинов, Милан. 1983. Современа македонска книжевност. Скопје: Мисла.

Ѓурчинов, Милан. 2008. Нова македонска книжевност. Скопје: Матица македонска.

Мицковиќ, Слободан. 1971. „Внатрешната страна на пламенот.“ Разгледи, бр. 3, 288-296.

Смилевски, Веле. 2020. Поетите на третата генераација на македонската литература. Скопје: Дијалог.

Урошевиќ, Влада. 1969. „Петар Т. Бошковски: Меѓу земјата и неземното.“ Разгледи, бр. 6, 547-557.