Живот и дело

Духовно лице со презвитерски чин, кој со проповедна и книжевна дејност се борел против богомилското движење и учење како упатен богослов и вешт полемичар, но и како критичар на современите духовни и животни девијации.

Духовно лице со презвитерски чин, кој со проповедна и книжевна дејност се борел против богомилското движење и учење како упатен богослов и вешт полемичар, но и како критичар на современите духовни и животни девијации. За неговиот живот и за духовната и книжевната дејност не се откриени прецизни податоци, а како единствен извор служи зачуваното негово книжевно дело Беседа против богомилите . Затоа постој...

  • Автор

    ПРЕЗВИТЕР КОЗМА

  • Солун или Охрид, крај на X век - околу 1075 година,Охрид

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Оригинални творби:

Беседа против богомилите. 40-тите години од XI век.

 

Библиографија

Ангелов, Димитър. 1945. Презвитер Козма и беседата му против богомилите. София: Нар. Култура; Ангеловска-Панова, Маја. 2004. Богомилството во духовната култура на Македонија. Скопје: Аз-Буки, Прилеп: Институт за старословенска култура, стр. 17-21; Антиќ, Вера. 1977. Низ страниците од јужнословенските книжевности. Скопје: Наша книга, стр. 105-187; Бегунов, К. Юрий. 1973. Козма Презвитер в славянских литературах. София: БАН; Велев, Илија. 2011. Беседа против богомилите на Презвитер Козма. Скопје: Македонска реч; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1.Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 212-223; Киселков, Васил. С. 1956. Проуки и очерти по старобългарска литература. София: БАН; Македонска книжевност IX-XVIII век. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 180-202; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1989. Речник на старата македонска литература. Скопје: Македонска книга, стр. 146-149; Стојчевска-Антиќ, Вера. 1997. Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност. Скопје: Детска радост, стр. 213-226.