Живот и дело

Книжевник во некој од централно-македонските скрипторски центри, пишувач на ракописи со македонска јазична редакција.

Книжевник во некој од централно-македонските скрипторски центри, пишувач на ракописи со македонска јазична редакција. Од него се зачувани само два евидентирани ракописи: Радомиров псалтир и Радомирово евангелие , пишувани во втората половина на XIII век. Неговиот псалтир спаѓа во т.н. архаична текстолошка редакција, слична како и структурата на други два македонски ракописи Болоњскиот и на Погод...

  • Автор

    ДИЈАК РАДОМИР

  • XIII век - XIII век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Радомиров псалтир. Втората половина на XIII век. Света Гора: Зографски манастир, сигн. I. д. 13, Санкт Петербург: Руска национална библиотека (1 л.) Успенски Q. n. I. 11; Радомирово евангелие. Втората половина на XIII век. Загреб: ХАЗУ – III b 24, Михановиќ бр. 6.


Библиографија

Велев, Илија, Лилјана Макаријоска и Црвенковска, Емилија. 2008. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“, стр; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1. Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 456-547; Макаријоска, Лилјана. 1998. „За Радомировиот псалтир“. Македонски јазик, 42-44, стр. 359-370; Макаријоска, Лилјана. 1997. Радомиров псалтир. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1989. Речник на старата македонска литература. Скопје: Македонска книга, стр. 236-237; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр.70-71; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2017. Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки X-XIX век. Скопје: МАНУ, оп. бр. 126, стр. 112; Угринова-Скаловска, Радмила. и Рибарова, Зденка. 1988. Радомирово евангелие. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“.