• Наслов

    РАДОМИРОВО ЕВАНГЕЛИЕ

  • Автор

    ДИЈАК РАДОМИР

  • Година на издавање
  • Категорија

    средновековна книжевност

  • библиски текст

Опис на делото

Средновековен книжевен ракопис пишуван во средината на XIII век. Содржи 182 пергаментни листови напишани со кирилско старословенско писмо од повеќе раце. Како главен препишувач се јавува книжевникот Радомир, најверојатно истиот Радомир којшто го напишал и Радомировиот псалтир од збирката на Зографскиот манастир. Неговото име се открива преку запис оставен на л. 169 об. Останатите книжевници се среќаваат во мали делови. Според правописните и јазичните ососбености ракописот е произлезен од Кратовската книжевна школа. Според содржинската структура претставува полн апракос. Текстот во ракописот започнува од евангелието во средата од втората недела по Велигден и прекинува со евангелието на утрената на Великипеток. Радомировото евангелие се чува во Хрватската академија на науките и уметностите во Загреб, во збирката на Михановиќ бр. 6, сигн. III в 24. (С. П.-Ѓ.)

 

Библиографија

Велев, Илија, Лилјана Макаријоска, Емилија Црвенковска. 2008. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“, Штип: 2-ри Август С; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност.Средновековна книжевност (IX-XIV век). т. 1. Скопје: Гирланда; Мошин, Владимир А. 1993. „Славянские рукописи в Македонии“. Труды Отдела древнерусской литературы, том 47, СПб, стр. 409-422; Поп-Атанасов, Ѓорги, Илија Велев, Маја Јакимовска-Тошиќ. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII). Скопје: ИМЛ; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2017. Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки: X-XIX век. Археографски опис. кн. 1. Скопје: МАНУ, Кочани : Европа 92; Угринова-Скаловска, Радмила, Зденка Рибарова. 1988. Радомирово евангелие, Стари текстови. т.4. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“.