Живот и дело

Во своето творештво, поаѓајќи од интензивно портретирање на индивидуалните судбини на ликовите, понекогаш временски ситуирани во современоста, другпат во поблиското и подалечното минато на Македонија, а просторно – честопати од неговиот роден мијачки крај, Симон Дракул создал дела чие дејство ги отелотворува универзалните теми за етичката и социјалната димензија на човековата егзистенција.

 Основното образование го стекнал во Лазарополе, а гимназија учел во Охрид и во Скопје. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој подоцна и докторира. Бил уредник во книгоиздателствата „Кочо Рацин“ и „Детска радост“, уредник во ТВ Скопје, директор на Драмата при МНТ, и научен советник во Институтот за национална историја. Бил уредник на сп. „Современост“. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, чиј член станал во 1953 годин...

  • Автор

    СИМОН ДРАКУЛ

  • 27. IX. 1930, Лазарополе - 10. I. 1999, Скопје

  • современа книжевност

  • автор драма роман расказ


Опус

Планината и далечините. 1953 (раскази), Витли во поројот. 1956, (раскази), И ѕвездите паѓаат сами. 1957 (роман), Белата долина. 1962 (роман), Буни. 1980 (триптих: повест, роман, драма: Меч, Исихија, Клада), Распаќа. 1985 (раскази), Архимандрит Анатолиј Зографски. 1988 (монографија), Или смрт (тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место). 1989 (романи, тетралогија), Жедна месечина. 1997 (роман), Апостол војводата. 1988 (монодрама). 


Библиографија

 Бошковски, Јован. 1966. „Симон Дракул или оплеменето народно творештво.“ Во Дракул, Симон. Одбрани раскази, стр. 199-207. Кочо Рацин: Скопје.

Ѓурчинов, Милан. 2008. Нова македонска книжевност. Скопје: Матица македонска.

Крстески, Трајче. 2008. „Прогонетиот (или?) самопрогонетиот.“ Во: Дракул, Симон. Белата долина. Битола: Микена.

Мицковиќ, Слободан. 1969. Размислувања. Скопје: Мисла.