Живот и дело

Неговата поезија ја следи традиционалната версификациска рамка и мотивски се движи по интимното и роднокрајното, а најголем исчекор прави во доменот на поемата.
Поет и преведувач од третата генерација повоени македонски писатели. Неговата поезија ја следи традиционалната версификациска рамка и мотивски се движи по интимното и роднокрајното, а најголем исчекор прави во доменот на поемата.
Завршил Филозофски факултет (книжевност) во Скопје. Бил долгогодишен главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“, а до пензионирањето работел како уредник во Радио Скопје. Член на ДПМ од 1959 година. Се пројавува и како плоден п...
  • Автор

    ЉУПЧО СТОЈМЕНСКИ

  • 20.ХI 1931, Штип - 10.I 2007, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 

Меѓу двата брега. 1957. Скопје: Култура (поезија); Крај тешките води. 1962. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Поле, под него морето. 1966. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Отимања. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Вистини и сништа. 1970. Скопје: Мисла (поезија); Судба сончогледова. 1971. Скопје: Нова Македонија. Заедница за издавачка дејност (поезија); Куршуми низ времето. 1976. Скопје: Култура (поезија); Деноноќно сонце. 1977. Скопје: НИК Наша книга (поезија за деца); Види, види кој ни дошол. 1980. Скопје: Култура (поезија за деца); Доживотни пленици. 1988. Штип: Друштво за наука и уметност (две поеми); Поеми. 1988. Скопје: Наша книга; Светлосната нишка. 1996. Скопје: Мисла (поема).


Библиографија

 

Алексиев, Ацо. 1957. „Писмо упатено до иднината“, Млада литература бр. 5-6, стр. 74-83; Вангелов, Атанас. 1972. „Афирмација на емоцијата“, Разгледи бр. 1/1972, стр. 103-105; Најдоски, Ѓорѓија. 1969. „Љупчо Стојменски или автохтоно поетско создавање“, предговор во: Стојменски, Љупчо. Отимања. Скопје: Мисла, стр. 5-9; Тодоровски, Гане. 1957. „Љупчо Стојменски: Меѓу два брега, Култура, Скопје 1957 // Разгледи, год. IV, бр. 7 (85) (24 март 1957), стр. 7; Чаловски, Тодор. 2002. „Поезија што верува и што бара да ѝ се верува“, во: Прочит: Литературни записи, критики и есеи. Скопје: Штрк, стр. 152-154; Чаловски, Тодор. 2002. „Стихување на шегобијното и убавото“, во: Прочит: Литературни записи, критики и есеи. Скопје: Штрк, стр. 215-217.