Живот и дело

Писател со „една приповдигната, ангажирана, ораторска интонација на неговата животно уверлива, колоритна, содржински богата реченица“.

Револуционер, научник и публицист. Автор е на повеќе публицистички текстови, на неколку монографски изданија од научен и политички карактер, како и на расказ и песна. 

Образованието го стекнал во Варош (Прилепско), Прилеп, Битола и Солун. По завршувањето на школувањето, бил учител во неколку места, вклучувајќи ги Скопје и Битола. Како многу млад се вклучил во македонското револуционерно движење, и станал еден од неговите главни идеолози. Извесно време работел како коректор во печ...

  • Автор

    ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

  • 1865, Прилеп - 1921, Софија

  • преродбенска книжевност

  • автор поезија расказ автор автор


Опус

 Спомени. Кореспонденција. 1984. Вовед, коментар и редакција проф. Љубен Лапе. Скопје: Култура; Македонското ослободително дело. 1971. Приредил д-р Гане Тодоровски. Скопје: Мисла; Беседа за Гоце Делчев. Беседа за Пере Тошев. 2003. Скопје: Култура; Материјали по изучувањето на Македонија. 2015. Превод, уредништво и предговор Марио Шаревски. Скопје: Единствена Македонија.


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност, XX век. Скопје: Мисла; Каваев, Филип. 1974. „Заточеник – расказ од Ѓорче Петров“ во: Ѓорче Петров и Пере Тошев: Материјали од симпозиумите одржани во Прилеп по повод педесетгодишнината од убиството на Ѓорче Петров и шеесетгодишнината од убиството на Пере Тошев, стр. 87-91. Прилеп: ДНУ; Ристовски, Блаже. 2001. Столетија на македонската свест. Скопје: Култура; Тодоровски, Гане. 1974. Трактати за сонцељубивите. Скопје: Култура; Лапе, Љубен. 1971. „Спомените на Ѓорче Петров како извор за историјата на македонското национално-ослободително движење до 1904 год.“ во: Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 23, стр. 179-196. Скопје.