Живот и дело

Прозаист, постмодернист.

Универзитетски професор, научен работник и книжевен творец. Работи како редовен професор и научен советник во ЈНУ Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Високо образование завршил на Филолошкиот факултет во Белград (Општа и компаративна книжевност). Постдипломските студии ги слушал во Париз (Сорбона) и во Белград, каде што и магистрирал на темата: Чудесните елементи во македонската сказна. Докторирал на Филолошки факулте...

  • Автор

    АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ

  • 1953, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор роман расказ


Опус

 Младиот мајстор на Играта. 1983. Скопје: Млад борец (збирка раскази); …или… 1987. Скопје: Млад борец (раскази); Пловидба кон Југ. 1988. Скопје: Наша книга (збирка раскази); Слово за змијата. 1992. Скопје: Македонска книга (збирка раскази); Ars amatoria. 1998. Скопје: Матица македонска (збирка раскази); Слика тркало. 1998. Скопје: Магор (хаику); Антиупатства за лична употреба. 2000. Скопје: Магор (кратка проза); Човекот со четири часовници. 2003. Скопје: Магор (раскази); Ѕиркачот. 2007. Скопје: Магор (новела); Нови антиупатства за лична употреба. 2009. Скопје: Магор (кратка проза); Човечулец: бајки од левиот џеб. 2011. Скопје: Магор (модерни бајки); Хорацио Цвикало. 2013. Скопје: Магор (збирка раскази); Симеон и Ивец: 1000 години од битката на Беласица. 2014. Скопје (подолг расказ); Птици и мачки. 2015. Скопје: Нова принт (хаику); Синот-риба. 2017. Скопје: Авант прес (збирка раскази); Делфинот. 2018. Скопје: Бегемот (збирка раскази).


Библиографија

 Аврамовска, Наташа. 2000. „ARS Amatoria на Александар Прокопиев“. Разгледи, бр. 3-4, стр. 146-155; Андоновски, Венко. 2008. „Мајсториите на мајсторот на играта“. Корени, бр. 25/26, стр. 4011-4019; Ковилоски, Славчо. „Александар Прокопиев“ во: Книжевници-наставници од Филолошкиот факултет, 1. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, стр. 259-266; Котеска, Јасна. 2007. Александар Прокопиев, Ѕиркачот. Скопје: Магор (задна корица); Реџепи, Африм. 2007. „Естетиката на играта во расказите на Александар Прокопиев“ во: Македонскиот расказ (зборник на трудови). Скопје: Институт за македонска литература, стр. 183-186; Шелева, Елизабета. 1993. „Под знакот на грифонот“. Современост, бр. 9-10, стр. 192.