Живот и дело

Творечкиот свет на Видичевски е секогаш инспириран од родниот град Охрид и може да се смета како своевидна роднокрајна ангажирана поезија, која во себе го содржи родољубивиот импулс.
Поет, раскажувач, романсиер и драмски писател. Творечкиот свет на Видичевски е секогаш инспириран од родниот град Охрид и може да се смета како своевидна роднокрајна ангажирана поезија, која во себе го содржи родољубивиот импулс. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил основач на Историскиот архив во Охрид, на Радио Охрид, на манифестацијата „Прличеви беседи“ и бил еден од иницијаторите за формирањето на музичко-драмскиот фестивал „Охридско лето“. Б...
  • Автор

    ВИДОЕ ВИДИЧЕВСКИ

  • 8. I 1972, Охрид - 12. ХII 2020, Охрид

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Сини питоми утрини. 1959. (поезија); Бреговите се немирни. (Драма изведена 1961, а печатена 1963); Балада за орканата. (Драма печатена 1964, а изведена 1968); Големата шума. 1970. Скопје: Мисла (роман, прв дел); Големата шума. 1986. Скопје: Мисла (роман за деца во два дела); Вечерен пејзаж од градот. 1988. Скопје: Македонска книга (поезија); Таинствени води. 1990. Скопје: Детска радост (роман за деца); Заробеници на вечерните игри. 1993. Скопје: Матица македонска (раскази); Времето на црвените рози. 1994. Скопје: Детска радост (роман за млади); Песни за потопот. 2000. (поезија); Приказни за Дамјана. 2002. Скопје: Детска радост (раскази за деца); Кажување на задоцнетиот пророк. 2003. Скопје: Силсонс (поезија); Вие. 2009. Скопје: Дијалог (поезија); Билје крај езерото. 2011. Струга: Медитеранска академија „Браќа Миладиновци“: Ирис (поезија); Новите дотеци. 2018. Скопје: Дијалог (поезија).


Библиографија

 Банар, Славе. 1988. „Пејзажи на душата и природата“ Стремеж. Год. 32, бр. 5, стр. 475-477; Белевска, Александра. 2014. „Видое Видичевски: еден од доајените на ДПМ“. Стожер. Год. XVIII, бр. 118, стр. 18-21; Матевски, Матеја. 1989. „Пред вечерниот пејзаж над градот (Видое Видичевски: Вечерен пејзаж над градот, Македонска книга, Скопје 1988)“. Разгледи 5-6, стр. 471-472; Матевски, Матеја. 2009. „Песната како мементо: Видое Видичевски, Вие, Дијалог, Скопје 2009“.  Синтези  16, стр. 70-71; Силјан, Раде. 2018. „Видое Видичевски: поет исповедник“. Публицитет.мк https://publicitet.mk/vo-potraga-po-trajnata-ubavina/item/8114-rade-siljan-vidoe-vidichevski-poet-ispovednik (пристапено на 10.11.2023); Старделов, Георги. 2009. „Новата ангажирана песна: Видое Видичевски, Вие, Дијалог, Скопје 2009“. Синтези 16, стр. 72-74.