Живот и дело

Уметничкиот свет го отсликуваат животните како метафора (и карикатура) на човекот низ случки и искуства од секојдневниот живот. Животните имаат човечки карактеристики и односи кои потсетуваат на типични ситуации од животот. Низ нив се отсликуваат меѓучовечките односи засновани на интриги и постојана борба за правда и праведност.
поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Припаѓа на генерацијата современи македонски писатели за деца и млади. Дел е од антологијата на македонската и балканската литература за деца. Басните се негов творечки фокус и според бројот на авторски записи – тој дефинитивно е најголемиот баснописец во македонската современа литература. Давчевски е „македонскиот Езоп“, со свој автентичен израз и оригинални белези во креирањето на ов...
  • Автор

    РИСТО ДАВЧЕВСКИ

  • 6.III 1935, с. Долни Дисан, Тиквешко - 14.IX 2009, Скопје

  • современа книжевност

  • автор куси жанри


Опус

 Дождовни капки. 1964. Скопје: Култура (песни); Мустаќите на генералот Рококајко: (театарска игра за деца во две дејствија). 1972. Скопје: Заштита (драма); Сказна за притвореното чудовиште. 1972. Битола: Развиток (роман); Важно е другите што ќе речат. 1985. Скопје: Култура (басни во стихови); Изедени прогнози. 1990. Скопје: Детска радост; Раните на љубовта. 1991. Скопје: Детска радост; Дворец на опачини. 1995. Скопје: Матица македонска; Внукот на Итар Пејо. 1993. Скопје: Детска радост (кратка проза); Старецот со дамкаво лице. 1994. Скопје: Александар&Александар; Сонети за мама: поезија. 1996. Скопје: Наша книга (песни); Весела сцена: едночинки и куклени игри. 1995. Скопје: Матица македонска (драмски едночинки); Принцот Кристијан. 1997. Скопје: МИС (роман); Дворец на опачини: драмска трилогија. 1999. Скопје: Детска радост (драма); Растумбана дивина. 2000. Скопје: АЕА, Мисла (песни); Синот на лавот. 2003. Скопје: Просветно дело (кратка проза); Дворец на опачини. 2004. Скопје: Просветно дело (драма); Сладолетка од сказните. 2005. Скопје: Макавеј (сказни); Девојчето со рингишпил. 2007. Скопје: Просветно дело (збирка раскази); Цветот на љубовта. 2008. Скопје: Просветно дело (роман); Приказни со смешно и кисело: (басни). 2009. Скопје: Макавеј (басни); Беседа на фауните. Т. 1. 2011. Скопје: Македонска реч (басни); Беседа на фауните. Т. 2. 2014. Скопје: Македонска реч (басни); Беседа на фауните. Т. 3, Лагата не умира, Луда басна, Сто и еден пријател: (басни за млади и за возрасни). 2020. Скопје: Македоника литера (басни). 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1996. Македонска книжевност за деца и младина. Скопје: Детска радост, стр. 324-325.; Владова, Јадранка. 2001. Басната во литературата за деца во Литература за деца. Скопје: ТНИД, Ѓурѓа, стр. 68-76.; Арсовска, Тамара. 2010. Писателите за себе. Скопје: Панили, стр. 337.