Живот и дело

Неговите романи на креативен начин ги изделуваат социјалните и психолошките специфичности на времето меѓу Двете светски војни. Во нив доминира ненаметлива сатира и лесен хумор, со кои тој најпрецизно ги открива недостатоците на поединците и општествените групи (трговци, занаетчии, претставници на власта, луѓе од народот).

македонски раскажувач, романописец, драмски автор, публицист. Претставник е на првата македонска повоена генерација писатели кои ги поставија темелите на раскажувачката проза и уметност. Неговите најдобри остварувања датираат од периодот по ослободувањето. Со своите романи тој го одбележува регионалниот, битово-социјалниот и општествено-историскиот реализам во македонскиот роман. Неговите дела ја креираат сликата...

  • Автор

    ЈОРДАН ЛЕОВ

  • 29.VIII 1920, Велес - 20.IX 1998, Скопје

  • современа книжевност

  • автор драма роман расказ


Опус

Три шајки. 1950. Скопје: Земски сојуз на културно просветните друштва на НР Македонија (пиеса); Посилни од смртта. 1952. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Длабока рана. 1953. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Побратими. 1956. Скопје: Стопански весник (роман); Виор. 1957. Скопје: Кочо Рацин (роман); Исчезнат свет. 1957. Скопје: Кочо Рацин (раскази за деца); Расцветан јасмин. 1958.  Скопје: Народна просвета; (драма); Глуви мугри. 1960. Скопје. Кочо Рацин (роман); Афион. 1963. Скопје: Кочо Рацин (роман); Антологија на болката. 1968. Скопје: Мисла (роман); Ѓердан од заби. 1972. Скопје: Наша книга (кратка проза за деца); 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1986. Повоени македонски писатели. Скопје: Наша книга, стр. 313-340.: Алексиев, Ацо. 1961. Јордан Леов:Глуви мугри“. Современост, год. 11, бр.
3
: 285-290.; Мицковиќ, Слободан. 1968. „За творештвото на Јован Бошковски (1920 – 1968)“. Разгледи год. 10, бр. 14, стр. 1575-1581.; Критичарите за творештвото на Јордан Леов (Димитар Митрев, Јован Бош-
ковски и др.).
1979. Развиток, год. XVII, бр. 3-4: 228-236.; Писателот пред дванаесет прашалници: Јордан Леов. Развиток, 1979, год. XVII, бр. 3-4, стр. 237-240.