Живот и дело

Заедно со Ташко Георгиевски, тој е првоносец на егејската тема во македонската современа литература. Неговото дело ги отвара интимните и колективните прашања на поразот и непокорот на егејското македонско малцинство.

Македонски раскажувач, романсиер и книжевен критичар.

Родното село го напуштил со децата бегалци од Егејска Македонија и се населил во Битола, кадешто завршил гимназија. Потоа заминал во Струмица и завршил средно земјоделско училиште. Студиите по македонски јазик и книжевност ги завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во културната рубрика на Радио Скопје, кадешто реализирал десетина негови радио и телевизиски драми. Бил уредник на весникот „Трудбеник“. Бил чле...

  • Автор

    ПЕТАР ШИРИЛОВ

  • 18. V. 1934, с. Горничево, Леринско, - 05. IX. 1988, Скопје

  • современа книжевност

  • автор проза


Опус

За детсвото и светулките. 1961.Скопје : "Кочо Рацин"(раскази); Заветрина спроти виулицата. 1962. Скопје : Култура(роман); Плачат оние планини за мене. 1965. Скопје : Култура (роман); Светогорци. 1966. Скопје, Стремеж 1970 (роман); Бунт во каменот. 1966. Скопје : Кочо Рацин(раскази); Од болот до метафората. 1971. Скопје : Македонска книга(есеи); Црноборје. 1972. Скопје : Мисла (роман); Историја и револуција. 1973. Битола : Развиток(огледи и студии); Мислата и делото на Димитар Митрев. 1974. Скопје : Наша книга(монографија); Земја во дуљбија. 1976. Скопје : "Култура"(роман); Света шума. 1978. Скопје : Наша книга(роман); Геометри. 1988. Скопје : Култура (раскази). 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност. Скопје: Мисла; Коцевски, Данило. 1981. „Црноборје од Петар Ширилов“ Вo Да и Не, огледи и критики. Скопје: Култура; Сталев, Георги. 1994. Последниве сто години македонска книжевност. Скопје: Матица македонска; Стефановски, Гоце; Цветковиќ, Чедо. 1973. „Бунт во каменот- Петар Ширилов“ ВО Огледи и критики. Битола: Развиток