Живот и дело

Педагог-реалист со поетски однос спрема детето, младите, човекот, природата и животот.
Поетеса, раскажувачка, романсиерка, авторка на хаику поезија, преведувачка и препејувачка. Припаѓа на втората генерација современи македонски писателки, со обемен и разновиден творечки опус, со издадени триесетина книги со различна тематика, остварени во различни жанрови. Делата ѝ се приврзани за детето, младината, природата, семејството, училиштето, градот, но и со настани условени од конкретен социокултурен простор. Таа е педагог-реалист со поетски однос спре...
  • Автор

    БИСТРИЦА МИРКУЛОВСКА (КРАЊЕЦ)

  • 14.III 1930, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Цвеќенца. 1960 (поезија за деца); Градинче. 1962 (раскази за деца); Првачиња. 1972 (поезија за деца); Празнични виделини. 1979 (поезија за деца); Виножито. 1979 (раскази); Сите деца мили. 1982 (поезија, за деца); Ѕвездена. 1986 (бајки); Виделина. 1989 (бајка); Клучарчиња. 1992 (роман за деца и млади); Прекршен лет. 1996 (поезија); "Kdyz kvetly kastany"/(Кога цутеа костени. 1997 (поезија, Брно); Тополите на крајот од дедовата ливада. 2001 (роман за деца и млади); Навева снег. 2002 (поезија); Лице и опачина. 2005 (поезија за деца); Скаменет крик. 2005 (хаику поезија); Вековит пат / Stoletna pot. 2006 (поезија, двојазично); Цвеќе на мирот. 2007 (роман за деца и млади); Сонуван сон. 2007 (поезија); Низ песна да ти кажам. 2008 (хаику пораки); Лапидариум. 2009 (хаику поезија); Каде си татковино? Кje, domovina, si? 2010 (поезија, двојазично); Далечни проблесоци. 2010 (раскази); Цвеќенца. 2010 (поезија за деца, фототипско издание 1960 –2010); Сонувалка сум: хаику сновиденија. 2011 (поезија); Градинче. 2012 (проза за деца, фототипско издание 1962 – 2012); Нишан ти пратив. 2012 (хаику пораки), Запрено време. 2013 (поезија); Молика пелистерска. 2013 (предание); Калеидоскоп. 2014 (хаику поезија); Кога цутеа бадемите. 2014 (кус расказ); Илина и други сказни. 2015 (кратка проза); Сите деца мили. 2015 (фототипско издание 1965 – 2015), Fran Valenčič „jaz hočem gorkih žarkov“ /Фран Валенчич „јас сакам топли зраци“. 2016 (двојазична поезија и хроника); Фатаморгана. 2016 (поезија); Денови без насмевка. 2017 (поезија); Да не се заборави. 2017 (книга записи од „Недељни весник“, Љубљана); Искри во белутракот. 2017 (поезија); Чемер мигови. 2019 (хаику поезија); Премостувања. 2020 (авторски избор на научни трудови од областа на теоријата на преводот); Микрокосмос. 2021 (поезија).


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1986. Повоени македонски писатели II. Скопје: Наша книга.

Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Марјановиќ, Воја. 1968. Детињство у поезији. Београд: Клио.

Милариќ, Владимир. 1967. Време као играчка. Нови Сад: Матица српска.

Цацков, Душко. 1982. Литература за деца и младина. Скопје: Просветен работник.