Живот и дело

Основна одлика на поезијата на Ренџов е аудитивноста, склоноста кон звучна оркестрација на зборот. Песната станува предмет на пеењето, а богатата лирска имагинативност на поетот го проширува и продлабочува нејзиниот асоцијативен поттекст.
македонски поет, прозаист и преведувач. Важи за еден од најоригиналните и најавтентичните поети кај нас, со исклучителна разновидност во поглед на лирските и лирско-епските видови кои ги негува (сонети, псалми, елегии, лирски минијатури, поеми). Основна одлика на поезијата на Ренџов е аудитивноста, склоноста кон звучна оркестрација на зборот. Песната станува предмет на пеењето, а богатата лирска имагинативност на поетот го проширува...
  • Автор

    МИХАИЛ РЕНЏОВ

  • 25.VIII 1936, Штип -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Иселеник на огинот. 1965. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Ноќно растење на зборот. 1967. Скопје: Култура (поезија); Каде од оваа страна. 1968. Скопје: Мисла (поезија); На работ од сонот. 1972. Скопје: Мисла (поезија); Страв. 1976. Скопје: Македонска книга (поезија); Полноќ. 1979. Скопје: Мисла (поезија); Нерези. 1982. Скопје: Мисла (поезија); Аутодафе. 1985. Скопје: Мисла (поезија); Феникс. 1987. Скопје: Македонска книга (сонети); Сонување патување. 1990. Скопје: Детска радост (книга за деца); Земја. Потоп. 1991. Скопје: Култура (поезија); Тој. 1993. Скопје: Детска радост (поема); Шпил. 1994. Скопје: Феникс; Вечната бесконечната. 1996. Скопје: Зумпрес (поезија); Јас, Оксиморон. 1998. Скопје: Сигмапрес (поезија); Ангела сонува. 1999. Скопје: Ми-Ан (поезија за деца); Псалми. 2000. Скопје: Менора (поезија); Апокалипса. 2002. Скопје: Блесок (драмска поема); Раскази за Захариј. 2004. Скопје: Менора (раскази); Галичица. 2007. Скопје: Фондација Рамковски (поезија); Предвесница. 2009. Скопје: Просветно дело (поема); Сонети. 2010. Скопје: Менора (поезија); Издишки. 2013. Скопје: Макавеј (поезија); Окарина. 2015. Скопје: Табернакул (поезија); Јас. Елегии. 2017. Скопје: Макавеј (поезија); Зраци. 2023. Скопје: Метаноја (поезија). 


Библиографија

Андоновски, Венко. 2006. „Слово за Светолик Михаил“. Поговор во: Михаил Ренџов, Лирика. Избрани дела, Книга 1 (избор и поговор: В. Андоновски). Скопје: Менора: 281-308.; Вангелов, Атанас. 1969. „Поезијата на звукот“. Предговор во: М. Ренџов, Збор и бол, Скопје: Мисла: 5-14.; Đurčinov, Milan. 1988. “Mihail Rendžov”. Nova makedonska književnost. Beograd: Nolit: 81-82.; Мартиновски, Владимир. 2020. „Душописот на Михаил Ренџов“. Стожер, год. 23, бр. 135  .; Тасевски-Етернијан, Јовица. 2008. „Верижни поетски возвишенија“. Предговор во: Михаил Ренџов, Храм. Молитви. Избор и предговор: Ј. Тасевски-Етернијан. Битола: Микена: 5-14.