Живот и дело

Книжевната критика ја подвлекува стилската симетрија во поезијата на Стојковски, која носи тенденција на синонимност, а исто така и интегрирањето на разни видови прозен дискурс (уметнички, научен, колоквијален, публицистички и есеистички) во рамките на поетскиот текст.
Македонски поет, новинар и публицист.
Основно и средно училиште завршил во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за јужнословенски книжевности. Покрај поетската дејност, од 1976 до 1999 г. работел во „Нова Македонија“ како новинар и уредник на Културната рубрика, a потоа преминал во „Утрински весник“ од 1997 до 2007 година. Бил извршен директор на издавачката куќа „Култура“ до 2009 г., а од 2010 г. е главен уредник...
  • Автор

    ГЛИГОР СТОЈКОВСКИ

  • 7.VIII 1952, Волковија, Гостиварско -

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Починка во чисти честички. 1979. Скопје: Книжевна младина на Македонија (поезија); Пајак. 1984. Скопје: Наша книга (поезија); Очно дно. 1990. Скопје: Македонска книга (поезија); Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин. 1992. Скопје: „Нова Македонија“ (поезија); Студена минута. 1993. Скопје: Македонска книга (поезија); Зад билката, молк. 1995. Куманово: Културно-просветна заедница на Куманово (поезија); Земјата сама ќе се отвори. 1996. Скопје: Мисла (поезија); Заборавено око на небото. 1997. Скопје: Детска радост (поезија); Капката оловна вода. 2008. Битола: Микена (поезија); Божја честичка. 2017. Скопје: ВиГ Зеница (поезија); Неминовен молк. 2020. Скопје: ВиГ Зеница (поезија); Овие песни. 2021. Скопје: ВиГ Зеница (поезија). 


Библиографија

Стремеж, год. 39, бр. 3-4 – 1995 (број посветен на Глигор Стојковски во кој за него пишуваат осум литературни критичари); Ќулавкова, Катица. 1996. „Облици на поетска хибридизација“ во Стремеж, год. 42, бр. 3-4, стр. 45-61; Стојчевски, Санде. 1997. „Хигиена на текстот (Глигор Стојковски: Заборавено око на небото, изд. „Детска радост“, Скопје, 1997 година)“ во Стремеж, 3-4, стр. 82-86; Бошковски, Т. Петар. 1997. Есеи и критики. Скопје, Мелбурн: Матица македонска, стр. 289-300; Китанов, Блаже. 2005. Критички соочувања: (критики и беседи). Скопје: Макавеј, стр. 49-59.