Живот и дело

Вапцаров е познат како „душата“ на Македонскиот литературен кружок и негов главен двигател. Преку својата поезија и животна врвица се докажува како антифашист и бестрашен борец за социјалните и националните права на Македонците во Бугарија.
ВАПЦАРОВ, НИКОЛА ЈОНКОВ (Банско, 7.XII 1909 – 23.VII 1942, Софија), македонски пролетерски поет, драмски писател, литературен критичар, редактор, детски поет, револуционер, антифашист, идеолог и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија, иницијатор и уредник на софиското левоориентирано литературно сп. Литературна критика.
Роден е во Пиринска Македонија во семејство кое му било по...
  • Автор

    НИКОЛА ВАПЦАРОВ (ЈОНКОВ)

  • 7. XII 1909, Банско - 23.VII 1942, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија драма


Опус

 Моторни песни. 1939. Софија: Авторско издание (поезија).

ПОСТХУМНО ИЗДАДЕНИ:

Антологија. 1946. Софија (поезија); Деветтиот бран. 1957. Скопје. Разгледи (препев Гане Тодоровски) (драма); Пролет. 1949. Софија: Детиздат (стихозбирка за деца); Заговор за врапче. 1965. Софија: Блгарски писател (поема за деца).


Библиографија

 Алексиев, Александар. 1984. „Патриотот и поет Никола Вапцаров (1909-1942“ во: Низ литературното минато и сегашноста. Скопје: Култура. стр. 192-205.; Вапцаров, Н.  Ј. 1995. „Реферат на Н. Ј. Вапцаров на основачкото собрание на МЛК“ во: Македонскиот литературен кружок (Софија 1938 – 1941) документи (избор, превод и белешки В. Тоциновски). Скопје: Архив на Македонија, Матица македонска. стр.41-44.; Митрев, Димитар. 1973. „Творечкиот лик на Вапцаров“ во: Македонската книжевност во книжевната критика (Том II). Скопје: Мисла. стр. 355-450.; Ристовски, Блаже. 1986. „Предговор“ во: Вапцаров Ј. Никола. Песни за татковината. Скопје: Мисла, стр. 5-16.; Стојановска-Друговац, Јованка. 2000. „Н. Ј. Вапцаров“ во: Бајка на животот. Скопје: Институт за македонска литература. стр. 71-81.; Тодоровски, Гане. 1979. „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“ во: Вапцаров Ј. Никола. Творби. Скопје: Мисла, стр. 7-52.; Тодоровски, Гане. 2005. Книга за Вапцаров. Скопје: Штрк.