Живот и дело

Сматракалев е автор на една од првите објавени стихозбирки – Бура над татковината (1935), преку која ја внесува македонската тематика во литературата меѓу двете светски војни, што дотогаш била забранета и негирана.
СМАТРАКАЛЕВ, МИХАИЛ (ЖАРОВ, АНГЕЛ) (5.XII 1910, Серес – 16.IV 1998, Софија), македонски национален деец, поет, раскажувач, публицист, историограф, новинар, редактор на весници и списанија, еден од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија, член на ВМРО (Об.), почесен член на ДПМ. 
Роден е во Серес, Егејска Македонија, во револуционерно семејство. По Балканските војни неговото семејство емигрира во Бугарија, каде што го п...
  • Автор

    МИХАИЛ (АНГЕЛ) СМАТРАКАЛЕВ (ЖАРОВ)

  • 15.XII 1910 , Серес - 16.IV 1998, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија расказ автор


Опус

Бура над родината. 1935. Софија: Авторско издание (поезија); Никола Вапцаров во спомените на современиците. 1966. Софија: Блгарски писател (мемоарски труд); Македонскиот литературен кружок. 1993. Скопје: Мисла (студија); Модрите широчини на татковината. 1994. Скопје: Мисла (поезија, раскази, критички огледи и записи); На македонски теми. 1999. Скопје: Архив на Македонија и Матица македонска (студии на македонски теми).


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. „Жаров Ангел“ во: Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла. стр. 157-159.;  Попов, А. 1940. „Од Бура на родината’ до ‘Чудна е Македонија’“ во: Македонскиот литературен кружок (Софија, 1938 – 1941) документи (избор, превод, редакција и белешки Васил Тоциновски). 1995. Скопје: Архив на Македонија и Матица македонска. стр. 72-96.; Сталев, Георги. 2003. „М. Сматракалев“ во: Македонска книжевност 1800 – 1945. Скопје: Институт за македонска литература. стр.180-182.; Тодоровски, Томислав. 2008. „Михаил Сматракалев“ во: Македонски дводомни писатели. Битола: Микена. стр. 529-532.; Тоциновски, Васил. 1994. Жаров бунтар и буревесник. Скопје: Мисла.