Живот и дело

Преку двете збирки поезија – Народни бигори и Огинот, кои се објавени една година пред стихозбирката Бели Мугри на Кочо Рацин, тој си го обезбедува епитетот „основоположник на македонската современа поезија“ (Г. Старделов 2008: 5; Г. Тодоровски 2009: 45), и со своето богато и разновидно литературно творештво (поезија, еп, драми, романи во стихови) објавувано на македонски јазик во периодот 1938 – 1941 г. „даде значаен прилог во втемелувањето на нашата современа литература“ (А. Алексиев 1992: 14).
МАРКОВСКИ, ВЕНКО (МИЛАНОВ ТОШЕВ, ВЕНЈАМИН) (Скопје, 15.III 1915 – 7.I 1988, Софија), дводомен поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, политички затвореник, емигрант, контроверзен општествен деец. Познат е по неговите контроверзни ставови во однос на македонската национална мисла, што произлегуваат од бројните уцени, поткупи и системски репресии од општествените режими и времето во коешто жив...
  • Автор

    ВЕНКО (ВЕНЈАМИН) МАРКОВСКИ (МИЛАНОВ, ТОШЕВ)

  • Скопје, 15.III 1915 - 7.I 1988, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија драма роман поема автор


Опус

ОБЈАВЕНИ:

Народни бигори. 1938. Софија (поезија); Огинот. 1938. Софија (поезија); Лулкина песна. 1939. Софија (елегии); Луња. 1940. Софија (македонска лирика); Гоце. 1940. Софија (поема); Илинден. 1940. Софија (поема); Чудна е Македонија. 1940. Софија (поема); Бие Дванаесет. 1941. Илегално издание (поема); Беаз Куле. 1941. Софија (спев); На исток. 1944. Слободна Македонија(сонетен венец); Робии. 1944. НОВ и ПОЈ на Македонија (еп); Партизани. 1944. НОВ и ПОЈ на Македонија (стихозбирка); Орлите на Македонија. 1944. Поверенство за пропаганда при Президиум на АСНОМ (спев); Пожарите на Елада. 1944. Скопје (стихозбирка); Климе. 1945. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (роман во стихови); Гламји. 1945. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија); Порои. 1954. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија); На прагот. 1946. Скопје: Нов ден (роман во стихови); Сказна за резбарот. 1954. Скопје: Кочо Рацин (стихови); Над пламeни бездни. 1954. Скопје: Авторско издание (избор од творби на македонски јазик); Современите парадокси. 1955. Скопје: Илегално издание (поема).            

 

НЕОБЈАВЕНИ:

Нашинци. 1936/1937. (драма); За родниот кат. 1946. (пиеса); Тома Горин. 1948 (роман во стихови). Автобиографија. Фонд „Венко Марковски“, Архив на Македонија. 


Библиографија

Алексиев, Александар. 1989. „Една нужно поттурната – литературно-историска паралела – Животот и творечкиот пат на Кочо Рацин и Венко Марковски“. Современост бр. 5-6.  68-106.; Алексиев, Александар. 1992. „Животните и творечките метаморфози на Венко Марковски“ во: Гламји и порои. Скопје: Македонска книга. стр. 5-22.; Ачкоска Виолета и Жежов Никола. 2009. „Репресија и репресираните во најновата македонска историја“ во: Книга за Венко Марковски. Скопје: Штрк. стр.589-606.; Митрев, Димитар. 2009. „За родниот кат“ во: Книга за Венко Марковски. Скопје: Штрк. стр. 487-498.; Старделов, Георги. 2008. Основоположниците на современата македонска поезија. Битола: Микена. стр. 117-172.; Тодоровски, Гане. 2009. Книга за Венко Марковски. Скопје: Штрк.