Живот и дело

Неговото книжевно и револуционерно дело исцело ѝ е посветено на борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување и обединување.
НЕДЕЛКОВСКИКОЛЕ (НЕДЕЛКОВ КРСТЕВ НИКОЛА) (16.XII 1912, с. Војница, Велешко – 2.VIII 1941, Софија) поет и комунист, член на Македонскиот литературен кружок во Софија.
Основно училиште завршил во родното село, потоа се запишал во гимназија во Велес. Во родното село често се дружел со својот стрико, поетот Милан Војницалија, кој извршил „пресудна улога во определувањето на младиот Коле за литературна...
  • Автор

    КОЛЕ (НИКОЛА) НЕДЕЛКОВСКИ (НЕДЕЛКОВ КРСТЕВ)

  • 16.XII 1912, с. Војница, Велешко - 2.VIII 1941, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

 Молскавици. 1940. Софија: Авторско издание (поезија); Пеш по светот. 1941. Софија: Авторско издание (поезија).


Библиографија

 Димитровски, Тодор. 1956. „Белешки за јазикот и правописот на Колета Неделковски (во првите изданија на неговите стихозбирки)“, Литературен збор год. III, бр. 2, стр. 116-119.; Митрев, Димитар. 1981. „Коле Неделковски“ во: Чин и дело. Скопје: Мисла, стр. 301-318.; Наумчески, Волче. 1957. „Последниот ден од животот на Коле Неделковски“, Нова Македонија (Забавен прилог), 8.IX 1957.; Тодоровски, Томислав. 2005. „Животот и делото на Коле Неделковски“ во: Согледби. Скопје: Дијалог. стр. 134-141.; Тоциновски, Васил. 1997. Коле Неделковски (Живот и дело). Скопје: Матица македонска.; Ристовски, Блаже. 1985. „Кога поточно е излезена стихозбирката Молскавици од Коле Неделковски“. Литературен збор год. XXXII. Кн. 2. стр. 9-10.