Живот и дело

Во книжевната историја е познат како дете поет кое покажува голем талент и зрелост.
КАРАМАНОВАЦО (31. I. 1927, Радовиш – 7. X. 1944, c. Смојмирово, Беровско) е македонски поет и учесник во НОБ. Тој е ретко надарен автор со кревка природа, чијашто животна врвица прерано била прекината.
Роден е во Радовиш, но поради службата на татко му на тримесечна возраст со семејството се преселил во Србија. Се школувал на српски јазик во Велико Ореше, Смедерево и во Скопје. Активно се вклучил во младинското револуционерно движење во тек...
  • Автор

    АЦО КАРАМАНОВ

  • 31. I. 1927, Радовиш - 7. X. 1944, c. Смојмирово, Беровско

  • современа книжевност

  • автор поезија проза расказ


Опус

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНИ:

 

Црвена пролет. 1963. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Прозните записи. 1981. Скопје: Македонска ревија (проза); Сребрените соништа. 1994. Скопје: Григор Прличев (белетристика). 


Библиографија

Големата песна на Ацо Караманов 1927 1944. 2006. Приредувач М. Ѓурчинов. Скопје: МАНУ (монографија).; Сталев, Георги. 2003. Историја на македонската книжевност (прва половина на XX век). Скопје: Институт за македонска литература, стр. 205-208.; Стојменска-Елзесер, Соња. 1989. „Симболистички и експресионистички елементи во поезијата на Ацо Караманов“ во: Македонска поезија XX век. Приредил В. Смилевски. Скопје: Македонска книга, стр. 212-219.