Во неговото творештво подробно е обработена социјалната и етно-психолошката димензија на животот во Македонија.
Во неговото творештво подробно е обработена социјалната и етно-психолошката димензија на животот во Македонија.
АНЃЕЛКО КРСТИЌ
1.XII 1871, с. Лабуништа, Струшко - 6.V 1952, c. Лабуништа, Струшко
современа книжевност
автор драма роман расказ
Раскази. 1932. Белград; Трајан. 1932. Скопје: Авторско издание (роман); Раскази. 1951. Белград.
ИЗВЕДУВАНИ:
Заточеници. 1937. Изведена во Скопско народно позориште на 12 септември (драма).
Бошковски, Јован. 1954. „Вистините и заблудите на Анѓелко Крстиќ“ во: Современост, год. IV. бр. 5, стр. 329.; Радически, Науме. 2006. „Роман пред романот (‘Трајан’ од Анѓелко Крстиќ и ‘Мара’ од Стојан Христов)“ во: Литературна раскрсница. Скопје: Македонска реч, стр. 120-127.; Радически, Науме. 2006. „Анѓелко Крстиќ“ во: Литературна раскрсница. Скопје: Македонска реч, стр. 107-119.; Ристовски Блаже. 1982. „Расчекори помеѓу човекот и писателот: Анѓелко Крстиќ“ во: Појави и профили I. Скопје: Студентски збор, стр. 261-264.