Живот и дело

Она што го модулира тонот во книжевниот опус на Точко е потрагата по животната вистина осмислена во духот на раскажувачкиот традиционализам кој се интересира за содржината на локалниот контекст во кој се одвива социјалниот и општествениот живот на руралната и на урбаната средина.

Македонски раскажувач и драмски автор. Како прозаист и драматург го негува историцистичкиот поглед на светот, портретирајќи го рационалистичкиот субјект во обид за еманципација на позицијата на поединецот, граѓанинот, уметникот или на заедницата.

Темите од родниот Охрид и охридското поднебје наоѓаат видлив одраз во целокупното творештво на Точко, поаѓајќи од неговата зрела творечка фаза, сѐ до неговите први раскажувачки обиди уште од школските денови во основното училиште во родниот О...

  • Автор

    ИВАН ТОЧКО

  • 9.I 1914, Охрид - 12.XI 1973, Скопје

  • современа книжевност

  • автор проза драма куси жанри


Опус

Бојана. 1953. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Акорди. 1956. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Прстен. 1959. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Раскази. 1962. Скопје: Кочо Рацин; Раскази. 1965. Скопје: Кочо Рацин; Вино за душите. 1968. Скопје: Мисла (минијатури и новелети); Лебедова песна. 1969. Скопје: Мисла (раскази); Премиера. 1970. Скопје: Мисла (раскази); Грев. 1971. Скопје: Македонска книга (лирски минијатури); Плуто. 1972. Скопје: Современост (драма); Охридска трилогија. 1974. Скопје: Мисла (драми); Избор раскази. 1973. Скопје: Македонска книга (раскази). Необјавени: Вода без истек (роман) (Фонд „Иван Точко“ при Архив „Харалампие Поленаковиќ“, МАНУ); Фасада (роман) (Фонд „Иван Точко“ при Архив „Харалампие Поленаковиќ“, МАНУ); Учителката (повест) (Фонд „Иван Точко“ при Архив „Харалампие Поленаковиќ“, МАНУ). 


Библиографија

Здравковски, Цане. 1984. Иван Точко: Монографија. Скопје: Македонска книга. Конески, Блаже. 1971. „Иван Точко и неговата ‘Охридска трилогија’“ во: Точко, Иван. Охридска трилогија. Скопје: Мисла, стр. 5-14. Друговац, Миодраг. 1968. „Поговор“ во: Прстен. Скопје: Македонска книга, стр. 205-209. Друговац, Миодраг. 1979. „Драмскиот триптихон на Иван Точко“ во: Современи македонски писатели. Скопје: Наша книга, стр. 99-118.