Живот и дело

Поет, претставник на македонската интелигенција која меѓу двете светски војни ја носи идејата за ослободување и за поетско творење на македонски јазик.

Поет, претставник на македонската интелигенција која меѓу двете светски војни ја носи идејата за ослободување и за поетско творење на македонски јазик. Внук на Григор Прличев, од ќерката Деспина. Роден е во Охрид во 1916 г., каде го завршува основното образование. Гимназија завршува во Крагуевац, каде што престојува во интернатот на учениците од Македонија меѓу кои живеела идејата за слободна Македонија. По матурирањето се запишал на Правниот факултет во Белград. Во тоа време, во 1936 г., ста...

  • Автор

    ХРИСТО ПОПСИМОВ

  • 1916, Охрид - 1980, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

„Весникарче“. 1937. Загреб: Наш весник (песна); „Борба“. 1937. Скопје: Луч бр. 6-7 (песна); „Нашијот град“. 1937. Скопје: Луч бр. 6-7. (песна); „Рибари“. 1937. Скопје: Јужни преглед бр. 3 (песна); „Ноктурно“. 1938. Скопје: Луч бр. 5. (песна); Траги. 1967. Скопје: Македонска книга (поезија); Изгревите тлеат. 1968. Скопје: Култура (поезија); Стихови. 1969. Скопје: Мисла (поезија). 


Библиографија

Ристовски, Блаже. 1980. Македонскиот стих 1900 – 1944. Том I и Том II. Скопје: Мисла. Ристовски, Блаже. 1982. Пројави и профили од македонската литературна историја. Том I и Том II. Скопје: Студентски збор.