Живот и дело

Поет и револуционер. Автор е на повеќе песни со патриотска содржина, кои на најубав начин ни ја претставуваат македонската револуционерна поезија од илинденскиот период.

Потекнувал од познатото преродбенско и револуционерно семејство Ковачевци од Штип. Негов чичко е познатиот просветител и учебникар Јосиф Ковачев, а негов брат близнак е револуционерот Владислав Ковачев. Во емиграција Владимир развил широка културна дејност. Одржувал врски со групата околу списанието Лоза.

Неговиот литературен пат започнува уште во средношколските денови. Најпознат е по заедничката збирка со Христо Силјанов, на...

  • Автор

    ВЛАДИМИР КОВАЧЕВ

  • 1875, Штип - 1910, Софија

  • преродбенска книжевност

  • автор поезија


Опус

Тѫгитѣ на роба. 1903. Соавтор со Христо Силјанов. София; Песни за Македонија. 1997. Избор и предговор Зоран Тодоровски. Скопје: Архив на Македонија, Матица македонска.


Библиографија

Тодоровски, Зоран. 1997. „Творештво посветено на Македонија: Владимир Ковачев (1875 – 1910)“. Културен живот бр. 2, стр. 69-76; Тоциновски, Васил. 1997. „Низ поетскиот ракопис на Владимир Ковачев“. Песни за Македонија. Скопје: Архив на Македонија, Матица македонска, стр. 91-110.