Живот и дело

Во неговото поетско творештво видливо е влијанието на современите текови на европската поезија од првата половина на векот, и во неговите поетички преокупации воочливо е испреплетувањето на повеќе книжевни правци од тој период, како и силниот израз на неговиот космополитски дух.

Поет, журналист, член на Комунистичката партија на Франција, на ВМРО (Обединета) и интербригадист во Шпанската граѓанска војна. Роден е во 1900 г. во богато трговско семејство. Неговиот татко, сакајќи колку што може да придонесе во афирмирањето на убавините и културните богатства на сопствената земја, се занимавал со објавување разгледници од македонски градови. Ганчо Хаџипанзов уште како дете пројавува интерес за општествените превирања и промени – неговите сеќавања за 1908 г. се врзан...

  • Автор

    ГАНЧО ХАЏИПАНЗОВ

  • 1900, Велес - 1936, Мадрид

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

 „Детството на еден град“ (песна); „Сирени“ (песна); „Бал на вентилаторите“ (песна); „Поема за родниот град“ (песна); „Алказар“ (песна); „Ќе се вратам“. 1936. (поема).


Библиографија

Личности од Македонија. 2002. Ур.: Андоновски, Христо; Карајанов, Петар; Павловски, Јован. Скопје: МИ-АН. Тодоровски, Томислав. 2008. Македонски дводомни писатели. Битола: Микена.