Живот и дело

Куноски е еден од основоположниците на македонската литература за деца и еден од столбовите на современата македонска поезија.
поет за деца. Toj e еден од авторите на првиот Буквар на македонски јазик. Припадник е на првата генерација современи македонски писатели за деца. Неговиот поетски опус е мошне обемен: тој е автор на дваесетина стихозбирки за деца со различна тематика. Објавил и неколку збирки поезија за предучилишна возраст, како и поеми, а дал значаен придонес и кон популаризацијата на стрипот.
Работел како уредник во Редакцијата...
  • Автор

    ВАСИЛ КУНОСКИ

  • 20.XI 1916, Дебар - 13.VI 1993, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Волшебното ливче. 1950 (поема); Гатанки и прашанки, во коавторство со Ванчо Николески. 1951; Белиот гостин. 1952 (поема); Песни. 1953; Каде е клучето. 1955 (загатки); Вредна рака црта вака. 1956 (сликовница во стихови); Ѓерданче. 1956; Зајче без опавче. 1957; Претпразнични вечери. 1960; Страшно, пострашно и најстрашно. 1963; Ха-ха-ха и две-три ах. 1964; Светулки над тревите. 1964; Тошо, Снешка и сто и една смешка. 1970 (хумористични песни); Згоди и незгоди. 1972 (песни); Избор. 1973; Оро весело. 1979 (поезија за предучилишна возраст); Избор. 1980; Мали деца – големи јунаци. 1981; Оро широко. 1984 (поезија за предучилишна возраст); Вредни раце. 1985; Птици над рудини. 1986; Избрани дела I-II. 1987; Здраво, здраво. 1987; Итроумни и будалести. 1987; Светлини. 1987; Вакви, такви, секакви. 1987.


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1996. Македонска книжевност за деца и младина од Џинот до Чинго. Скопје: Детска радост.

Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонска литература за деца. Скопје: Наша книга.

Стојаноска- Друговац, Јованка. 2000. Бајка на животот. Скопје: Култура.

Цацков, Душко. 1982. Литература за деца и младина. Скопје: Просветен работник.