Живот и дело

Јовановски е писател со жива историска меморија и прозаист со препознатлив национален естетички критериум.
писател, раскажувач, романсиер, преведувач, сценарист. Припадник е на втората генерација современи македонски писатели со обемен творечки опус: автор е на околу триесетина прозни дела со различна тематика. Тематски неговите дела се посветени на минато, зборуваат за селскиот живот на луѓето од преспанскиот крај, за судирот меѓу старото и новото, за печалбарството, потоа за човечката и народната судбина согледана во периодот по Балканските војни, меѓу двете светски војни и...
  • Автор

    МЕТО ЈОВАНОВСКИ

  • 5.X 1928, с. Брајчино, Преспа - 23.XII 2016, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Јадреш. 1956 (раскази); Хајка на пеперутки. 1957 (роман); Мени на мојата месечина. 1959 (раскази); Љуман арамијата. 1959 (книга за деца); Кој е кој, што е што. 1963 (лексикон); Слана во цутот на бадемите. 1965 (роман); Земја и тегоба. 1968 (роман); Сведоци. 1970 (роман); Првите човекови умирања. 1971 (раскази); Мал литературен лексикон. 1971 (лексикон); Будалетинки. 1973 (роман); Патот до осамата. 1978 (раскази); Една друга Америка. 1978 (антологија,); Орловата долина. 1979 (роман); Војвода над војводите. 1980 (книга за деца); Клучевите на Манхатан. 1983 (патопис); Крлежи. 1984 (роман); Крстопат кон спокојот. 1987 (раскази); Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување. 1992 (роман); Љубовта на Грифонот. 2005 (раскази); Погубата на претседателот. 2007 (роман); Писма до саканата или Есеј за љубовта. 2009 (роман); Човекот во сина облека. 2011 (раскази).


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1986. Повоени македонски писатели II. Скопје: Наша книга.

Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Манџуков, Митко. 2008. Родното место на литературата. Скопје: МАНУ.

Чаловски, Тодор. 2002. Прочит. Скопје: Штрк.

Јаќоски, Воислав. 1969. „Мето Јовановски или мозаици за животот“ во: Мето Јовановски, Натежнати ѕвезди II. Скопје: Мисла, стр. 5-14.