Живот и дело

Целиот творечки опус на Владова може да се дефинира како големо несогласување, со тенденција романтичарски да го измени светот.
писателка, раскажувачка, романсиерка, теоретичарка, учебникарка, преведувачка. Припадничка е на првата група постмодерни македонски писатели. Нејзината проза е исповедна, интимна, со лични акценти и субјективна емоција. Владова го негува тонот на топло обраќање со морална, етичка и психолошка компонента. И во прозата за возрасни и во онаа за деца, инсистира на натприродното во реалистичкиот код на приказната. Познава...
  • Автор

    ЈАДРАНКА ВЛАДОВА

  • 20.IV 1956, Скопје - 11.XII 2004, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Скарбо во мојот двор. 1986 (раскази); Воден знак. 1990 (раскази); Измислување на светот. 1991 (роман за деца); Мојот пријател А. 1992 (роман за деца); Девојчето со две имиња. 1993 и 2001 (роман за деца); Гледало зад огледалото. 1999 (роман за деца); Волшебноста на зборот. 1994 (есеи и критики); Деца како мене. 2000 (роман во коавторство со фотографот Владимир Тодоров); Куќа. 2001 (драма); Исток – Запад. 2002 (роман во коавторство со Небојша Кнежевиќ); Читање на светската литература. 2003 (есеи); Учебник по македонски јазик за I година гимназија. 1997; Македонско-чешки речник. 1998 (со група чешки соработници); Основи на демократијата за I одделение. 2000; Пристап кон лирската песна за основното образование. 2000; Читанка за петто одделение. 2001; Македонски јазик и литература за петто одделение. 2001; Македонски јазик и литература за шесто одделение. 2001; Детска литература. 2001; Литература за деца (2001). Преводи: Борис Билетиќ: Машки врисок. 1987 (превод од хрватски јазик); Ристо Јачев: Заточеник на мракот. 1996 (препев на српски јазик); Јордан Радичков: Ние, врапчињата. 2000 и 2001 (превод од бугарски јазик).

 


Библиографија

 Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Сталев, Ѓорги. 1994. Последниве сто години македонска книжевност. Скопје: Матица македонска.

Чаловски, Тодор. 2002. Прочит. Скопје: Штрк.

Стамески, Трајче. 2011. „За неколку постмодернистички финти“. Скопје: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стр. 73-81.

Тасевска Хаџи-Бошкова, Искра. 2011. „Хронотопот како жанровска и референцијална специфичност во литературата за деца“. Скопје: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стр. 49-61.