Живот и дело

Атанасовски го негува тонот на блиско обраќање и е склон кон реалистичко прикажување на светот со поучна компонента.
поет, писател, раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар. Припадник е на втората генерација современи македонски писатели со обемен опус: автор е на над триесет книги со различна тематика, остварени во различни жанрови. Тематски, неговите дела се посветени на минатото и зборуваат за војните, за борбата на македонскиот народ за национална слобода, за природата, за современоста, за животот во слобода. Детството, хуманоста, херојствата...
  • Автор

    МИХО АТАНАСОВСКИ

  • 10.IV 1934, Скопје - 13.VI 2008, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Очите и измаглините. 1955 (поезија); Никогаш не сум сам. 1957 (поезија); Минуваат пролети. 1959 (поезија); Од лав до страв. 1962 (басни); Божурика. 1963 (поезија); Еден лав плаче од страв. 1964 (басни); Марко новинарко. 1969 (раскази за деца); Во дворецот на сказните. 1971 (римувани сказни); Марко новинарко. 1972 (нови раскази); Река. 1975 (поезија); Големиот јунак. 1975 (новела за деца); Песни. 1976; Тајната на едно писмо. 1976 (пиеска); Има еден прозорец. 1979 (поезија); Отаде реката. 1985 (поезија); Куќичката со бела шамија. 1987 (роман за деца); Кога се сакавме со Тинка. 1989 (роман за деца); Зад де-вет гори зелени. 1990 (поезија); Бамбила од другиот свет. 1992 (роман за деца); Тутуле бале. 1994 (поезија за деца); Цветот што носи среќа. 1994 (поема); Уличето со обетки од цреши. 1995 (поезија за деца); Пуземаже и Цинцилин. 1996 (поезија за деца); Љубовниот живот на Симсиле. 1998 (новели за деца); Уличето со обетки од цреши. 1998 (нова книга, поезија за деца); Вечери кај шардаванот. 2000 (поезија за деца); Зелените луѓе. 2005 (роман за деца).


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1986. Повоени македонски писатели II. Скопје: Наша книга.

Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Маџунков, Митко. 2008. Родното место на литературата. Скопје: МАНУ.

Сталев, Ѓорги. 1994. Последниве сто години македонска книжевност. Скопје: Матица македонска

Чаловски, Тодор. 2002. Прочит. Скопје: Штрк.