Живот и дело

Според сценариото на Стрезовски е снимен филмот Време, води во режија на Бранко Гапо.
 поет, раскажувач, романсиер, хроничар, сценарист. Припаѓа на втората генерација современи македонски писатели, со огромен и разновиден опус: автор е на околу дваесет и пет книги со различна тематика, остварени во различни жанрови, а според неговото сценарио е снимен филмот Време, води во режија на Бранко Гапо. Неговите дела тематски се посветени на минатото, зборуваат за војните, за борбата на македонскиот народ за национална слобода, за татковинат...
  • Автор

    ЈОВАН СТРЕЗОВСКИ

  • 26.IV 1931, с. Подгорци, Струшко -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Светулки. 1957 (поезија за деца); Шепоти. 1958 (поезија); Последниот фишек. 1958 (раскази); Шарени песни. 1959 (поезија за деца); Зелени очила. 1960 (раскази); Луѓе со лузни. 1961 (раскази); Патот до зората. 1962 (роман за деца); Братско стебло. 1964 (роман за деца); Шарено огледало. 1965 (поезија за деца); Чекори во времето. 1968 (поезија); Синови. 1968 (роман за деца); Орфеј на бескрајот. 1971 (поезија); Вода. 1972 (роман); Езерски цвет. 1973 (поезија); Илинка. 1975 (телевизиска драма); Свето проклето. 1978 (роман); Саатот кукавица. 1978 (книга за деца); Време, води. 1980 (сценарио за игран филм); Зарек. 1981 (роман); Велебилје. 1985 (поезија); Јанѕа. 1986 (роман); Патот до зората. 1986; Синови. 1986 (раскази); Ноќниот воз. 1989 (поезија за деца); Тајни. 1989 (раскази); Злодобро. 1990 (роман); Езерски сон. 1990 (поезија); Чуден свет. 1991 (поезија); Кој и зошто. 1991 (гатанки); Триесет години Струшки вечери на поезијата. 1991 (документационен зборник); Плетеница. 1992 (поезија); Прва љубов. 1992 (проза); Сили. 1992 (раскази); Завет. 1993 (роман); Јанѕа. 1993 (роман); Билка на бесмртноста. 1993 (кратка проза); Еретик. 1994 (роман); Животраг. 1995 (роман); Свет во свет. 1996 (поезија); Корени. 1996 (поезија, препев на руски јазик); Поезија. 1998; Блик. 2000 (поезија); Последно прибежиште, 2002 (роман).

 


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1986. Повоени македонски писатели II. Скопје: Наша книга.

Идризовиќ, Мурис. 1988. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Маџунков, Митко. 2008. Родното место на литературата. Скопје: МАНУ.

Сталев, Ѓорги. 1994. Последниве сто години македонска книжевност. Скопје: Матица македонска.

Чаловски, Тодор. 2002. Прочит. Скопје: Штрк.