Живот и дело

Академик Ристовски има посебно значајна улога за Институтот за фолклор во врска со организирањето на мошне разгранета мрежа на собирачи на фолклорни и етнографски материјали ширум Република Македонија. Голем дел од депонираниот материјал во Архивот на Институтот за фолклор се должи токму на собраниот фолклорен материјал од надворешните соработници кои ги ангажирал.

Фолклорист, истражувач на културата, научен советник, член на МАНУ.  

Ристовски дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (Група за историја на книжевностите на народите на СФРЈ со македонски јазик) во 1955 година. Работел како јазичен редактор на Радио Скопје, лектор по македонски јазик и предавач на Македонска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (1961 – 1966) и предавач по македонски јазик и ли...

  • Автор

    БЛАЖЕ РИСТОВСКИ

  • 21.III 1931, с. Гарнаково, Кавадаречко - 28.XI 2018, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Лозарите во развитокот на македонската национална мисла. 1968. Скопје: Радио-телевизија; Ѓорѓија М. Пулевски и неговите книшки „Самовила Македонска“ и „Македонска песнарка“. 1973. Скопје: Институт за фолклор; Македонскиот фолклор и националната свест. Истражувања и записи. Том I и Том II. 1987. Скопје: Студентски збор; Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби. Книга X. (Материјали, литературни творби и редакција). 1972. Скопје: Македонска книга; Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан Пиперката и Питу Гули. (Избор, редакција и забелешки). 1974. Скопје: Македонска книга, Институт за фолклор. 


Библиографија

 Д-р Симо Младеновски. 1982. „Белешки за авторот и делото“ во: Блаже Ристовски, Профили и пројави од македонската литературна историја, 2. Скопје, стр. 421-427.

50 години Институт за национална историја 1948 – 1998. 1998. Скопје. стр. 161-179.

Блаже Ристовски. 1987. Македонскиот фолклор и националната свест:  Истражувања и записи, I и II. Скопје: Студентски збор.