Живот и дело

Јосиф Чешмеџиев е еден од позначајните собирачи на народни песни и афирматори на македонското народно творештво. По повод 50-годишнината од Илинденското востание, во 1953 г. е објавен избор од 36 револуционерни песни, запишани и обработени од Чешмеџиев под насловот Илинден (1903 – 1953 г.).

Фолклорист, собирач на народно творештво, композитор, етномузиколог, хорски диригент.

Чешмеџиев се школувал во Солун, па во Бугарската духовна семинарија во Цариград, каде учел инструменти кај Акзенштајн (капел-мајстор на султанскиот духовен оркестар). Набрзо по пишувањето на првите композиции, во Скопје во 1908 г. раководел со голем хор и духовен оркестар составен од калфи и чираци. Во 1909 г. почнал да студира композиција на Државниот конзерваториум во Лајпциг, каде што учел од етаб...

  • Автор

    ЈОСИФ ЧЕШМЕЏИЕВ

  • 21.X.1890, Скопје - 28.IV.1964, Софија

  • народно творештво

  • автор


Опус

Македонски народни песни. Приредил Марко Китевски. 2009. Скопје: Камелеон; Македонски народни песни. Составил и редактирал д-р Марко Китевски. 2017. Скопје: Гирланда. 


Библиографија

Марко Китевски. 2017. „Македонските народни песни запишани од Јосиф Чешмеџиев“ во: Македонски народни песни. Составил и редактирал д-р Марко Китевски. Скопје: Гирланда, стр. 5-16.