Живот и дело

Како соработник во „Периодическо списание“ и СбНУ публикувал дел од собраниот фолклорно-етнографски материјал, но долгоподготвуваниот зборник на песни и прозни народни умотворби од Кратово и Кратовско, по долги напори за печатење, не успеал да го објави во текот на својот живот. Овој Зборник на македонски народни умотворби содржел предговор, 240 македонски песни, но и суеверија, народни изрази, народна метрономија и 7 приказнички, а објавен е од Институтот за македонски фолклор „Марко Цепенков“ дури во 1998 г. под редакција на Блаже Петровски.

Собирач на македонски народни умотворби и фолклорист, преведувач, писател, револуционер, академик на БАН.

Каранов бил син на кратовски чорбаџија и трговец на памук. По основното училиште во родниот град, во 1867 г. завршил прогимназија во Цариград и заминал за Одеса каде завршил класична гимназија во 1872 година. Од 1875 г. три години студирал словенска филологија на Новоросијскиот универзитет, но морал да ги прекине студиите поради болест. Во Одеса започнал да се занимава со книжевна...

  • Автор

    ЕФРЕМ КАРАНОВ

  • 25.II 1852, Кратово - 1927, Ќустендил

  • народно творештво

  • автор


Опус

„Периодическо списание“, кн. XI и XII. 1876. Браила, стр. 124-129, 169-178; „Периодическо списание“, кн. V. 1883. Софија, стр. 116-123; „Периодическо списание“, кн. XVI. 1885. Софија, стр. 153-162; „Периодическо списание“, кн. V. 1883. Средец, стр. 116-123; Периодическо списание“, кн. IX. 1883. Средец, стр. 129–134; Периодическо списание“, кн. XVI. 1883. Средец, стр. 153-160; СбНУ I – Показалец на непечатените до сега, в различни сборници и перодически списания, варијанти от песните в Сборника на братя Миладиновци. 1889. Софија, стр. 157-175; СбНУ II. 1890. Софија, стр. 60–64; СбУ XV. 1890. Софија, стр. 74–75, 82; Кратовскиот зборник. 1998. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. 


Библиографија

Саздов, Томе. 1964. „Ефрем Каранов – значаен наш фолклорист“, во Разгледи, VII, бр. 4. Скопје, стр. 385-396.

Саздов, Томе. 1988. „Ефрем Каранов“во Македонската народна книжевност. Скопје: Култура, стр. 440-463.