Живот и дело

Петровски е автор на монографскиот труд „Трансформирањето, распаѓањето и современата состојба на македонскиот јуначки епос“, во кој се занимава со еден сложен проблем од историјата на фолклорот и дава осврт на македонскиот јуначки епос, на неговата оригиналност и самобитност, којшто е органски сврзан за историјата на македонскиот народ.
Фолклорист, собирач на народно творештво, научен истражувач.

Дипломирал во 1962 г. на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за француски јазик и литература. Во 1982 г., на Филолошкиот факултет во Скопје, докторирал под менторство на проф. д-р Кирил Пенушлиски. Во периодот од 1984 до 1988 г. бил директор на Институтот за фолклор, долгогодишен раководител на Одделот за народна литература и на повеќе научноистражувачки проекти.

Петровски е автор на монографскиот тр...

  • Автор

    БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ

  • 1937, с. Карамани, Битолско - 2001, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Македонски епски песни за јуначкото сватовство. 1983. Скопје: Литературен збор; Трансформирањето, распаѓањето и современата состојба на македонскиот јуначки епос. 1990. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Дејноста на Андреја Дамјанов и градителските тајфи во Македонија во 19 и почетокот на 20 век (коавторство). 1998. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски ајдутски песни (коавторство). 1998. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни умотворби од Дебар и неговата околина (редактор). 2000. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Горански народни песни: Песне, гачке и играчке горске (редактор). 2000. Скопје: Патрија. 


Библиографија

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција: д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.